речник контакт

Четврток навечер, сообраќајка, пукање

Сообраќајка со тројца повредени велешани кај Градско и пукање во Речани

Петар Печков

Во сообраќајка која се случи во четвртокот  околу 17,50 часот  на исклучокот од автопатот Скопје - Гевгелија, кон Прилеп,  кај Градско тројца велешани се повредени.

Автомобилот марка Ауди излетал при што возачот Б.М. ( 31 год), зедно со сопатниците Б.И.( 36 год) и М.Ѓ. ( 41 год) завршиле во провалија.Според дежурниуто доктор во велешакта Болнциа д-р Филип Тодоровски стие тројца се вон животна опаснто, со поелсни повреди. Според СВР Велес причина за несреќата, која имала среќен крај за тројцата патници било пребрзото возење а возачот Б.И. немал ниту полкожено возачки испит.

Во приближно исто време, во 17,30 зад управната зграда на Лозар во Речани, кај предавателот на Радио Велес дошло до пукање од пушка. За ова е осомничен Т.П. ( 46 год) кој заработи кривична пријава за предизвикување опасност.

Според соседите тој претходно седел со негов пријател, при што по расправија му фрлил ракија в лице, овој на тоа реагирал, па Т.П. отишол и земал ловџиска пушка, ЦЗ -М 80 за која имал дозвола, и стрелал вовоздух.По овој инцидент тој избегал а велешката полиција  два часа го барала по бавчите во Речани. Бил уапсен во 19,30 часот, по што му е поднесена кривична пријава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »