речник контакт

Четвртокот попладне 27 мотоциклисти од Велес не носеле заштитен шлем

Таа бројка во Кавадарци е 13 а во Неготино седум

Петар Печков

Во текот на вчерашното поладна сообраќајната полиција контролирала, колку мотоциклистите ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„На 23 јуни  во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Велес спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 47 прекршоци . Од нив 27 биле во Велес, 13 во Кавадарци и 7 во Неготино. Најголемиот број од прекршоците  -33 се однесувале на не користење на заштитна шлем“ - соопштија од МВР.

Од сообраќајната полиција апелираат  до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »