речник контакт

Четвртокот попладне пожар помеѓу Иванковци и Мамутчево

Опожарени се 25 хектари сува трева, грмушки и млада шума

Петар Печков

Вчера попладне, четврток, пожар ја зафати околината на селата Мамутчево и Иванковци. Изгорена е површина од 25 хектари. Огнот е регистриран во 14,30 ч. 

„Во  пожарот помеѓу селата Мамутчево и Иванковци,  гори стара сеча и грмушки. На терен се седуминна вработени  од Шумско стопанство “Бабуна” Велес  со едно возило лада и четворица пожарникари со едно  противпожарно  возило“- соопштија од Центарот за управување со кризи.  

Пожарот бил  изгаснат во 17,30часот, изгорена е сува трева,грмушки, стара сеча и млада сеча. Вработените од ШС Бабуна биле на терен до 21ч. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »