речник контакт

Четири нови лица во самоизолација во Велес, нови во изолација нема

Нема ниту лица кои се движеле низ улица во Велес во време на полициски час

Петар Печков

СВР Велес информираше дека во текот на  изминатото деноноќие,  четири нови лица потпишале изјава за самоизолација со што вкупниот број  во велешко се зголеми на 49.

Нема нови лица кои потпишале изјава за изолација а во Велес вкупната бројка е 57. Ова се информациите кои со јавноста ги сподели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   

Тој дополни дека изминатите 24 час, во период кога е намелен периодот на полицискиот час, во велешко полицијата не  констатирала  прекршувања. 

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли во домовите кај лица во изолација и самоизолација, при што сите ги почитувале овие мерки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »