речник контакт

Четири возила кои превезуваат патници биле неисправни

Контролата била извршена претпладнево од 8 до 12ч.

Петар Печков

Во текот на претпладнето, во период од четири часа, била спроведена сообраќајна контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници . Неа ја извршиле полициски службеници на СВР Велес во периодот  од 8 до 12 часот.  Се контролирале  автобуси и комбиња.

„При контролата, откриени и санкционирани се четири технички неисправни возила, од кои две возила имале неисправни сопирачки. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ - кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Од СВР Велес најавуваат дека продолжуваат  засилените акциски контроли и во наредните денови.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »