речник контакт

Четири години во велешката касарна повеќе нема доброволци кои служат воен рок во АРМ

Последна генерација на доброволци кои служеа АРМ во велешката касарна беше од 8 ноември 2019 година

Петар Печков

Нема интерес  доброволно да се служи војска во АРМ. Шестмесечниот извештај за спроведување на годишниот план на министерството за одбрана покажува дека за планираните февруарски и јунски рокови, ниту еден граѓанин не пројавил интерес и затоа не се реализирала оваа активност. Следната е планирана за октомври. 

Последна генерација на доброволци кои служеа АРМ во велешката касарна беше од 8 ноември 2019 година, која беше 39-та и броеше 108 војници, од нив 10 девојки. Македонија воведе доброволно служење војска во 2007 година, во време траење од три месеци. Доброволците треба да се на возраст од 18 до 26 години кои претходно ќе поминат лекарски и психолошки тестови. Рокот го отслужуваа во касарната  „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.  

Во  првите 10 години тоа го направиле околу 4800 мажи, од нив мал број биле жени.

За доброволното служење на АРМ државата на заинтересираните месечно им исплаќа по 10 отсто од просечната месечна плата или околу 50 евра.

Според Министерството за одбрана, решавачко што нема доброволно служење војска е што повеќе  не е одлучувачки момент, служењето на воен рок во АРМ,  при конкурсот за прием на професионални војници.

Според истражувањето на Балканската безбедносна мрежа Македонија нуди најниски, а Словенија највисоки месечни примања, за служење доброволен воен рок, каде  е  околу 2300 евра месечно. Таму се служи 13 недели, а годишно имаат по околу 500 регрути кои имаат можност да полагаат и за возачка Б категорија.

Во Србија доброволниот рок трае најдолго 6 месеци, последната година имало 1200 доброволци кои месечно добивале по 17,500 денари.

Доброволното служење на воениот рок Хрватска го воведе во 2008 година, а во таа земја воениот рок сега практично трае осум недели, односно 40 работни дена. Платата за тој период е 400 евра месечно, а после тоа доброволците ќе може да се вработат во вооружените сили.

Црна Гора е последна во регионот што воведе доброволно служење воен рок во 2019 година. На првиот јавен оглас се барале  50 млади лица за паричниот надомест од 275 евра месечно.

 фото архива

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »