речник контакт

Четири години затвор за 2,5 кг марихуана

Велешанецот Лазе Малковски (43 год) доби четири години затвор, додека неговата сопруга Снежана е ослободена, откако беа фатени пред половина година како во нивниот автомобил превезуваат 2,5 кг марихуана.

Петар Печков

Велешанецот Лазе Малковски (43 год) доби четири години затвор,  додека неговата сопруга Снежана е ослободена, откако  беа фатени пред половина година како во нивниот автомобил превезуваат 2,5 кг марихуана.Ова е пресудата на Основниот суд во Велес за нелегално поседување и трговија со наркотични средства.

Велешката полиција двајцата сопружници ги фати  на 20 август лани, вечерта во 23,40 ч на платната рампа Сопот  на автопатот Скопје – Велес, во патнички автомобил марка БМВ со бугарски регистарски ознаки, каде пронашле најлонско кесе со марихуана.  Судот проценил дека зад ова дело стои Лазо Малковски, додека сопругата не знаела по што тој доби 4 години затвор а таа е пуштена на слобода.

Марихуаната е одземена и предадена на уништување а одземен и автомобилот БМВ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »