речник контакт

Четири години затвор за напад на лице кое било на гробно место

Разбојник e осуден на четири години затвор затоа што нападнал и ограбил сограѓанин на гробно место.

Петар Печков

Орхан Кантуров ( 31 год) е прогласен за виновен за кривичното дело разбојништво, кое го стори  заедно со друго непознато лице,  во ноември 2010-тата. Тој со уште едно непознато лице на Т.Н. додека бил на гробното место од сопругата, му пришле и побарале 20 денари, откако не ги добиле физички го нападнале, го натепале и од задниот џеб на панталоните му одзеле илјада денари по што побегнале.

Кантуров се наоѓа на отслужување на казна затвор за друго кривично дело. Тој според полицијата е организатор и учесник на повеќе кражби, разбојништва и напади на градските гробишта од црквата Св. Спас во Велес, за што во велешкиот суд се водат други  процеси.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »