речник контакт

Четири илјади велешани летово се прегледаа на Сармаале

Десет отсто од нив биле со покачен притисок

Петар Печков

Во рамките на  акција  ,,Здравје за сите - топлотен бран,,  кога температурите се во портокалов фаза во текот на јули и август во центарот на Велес беше поставен здравствен пункт.

На плоштадот Сармаале дежурните екипи секој ден од 18,30 до 21,30 часот  делеа здравствени совети и го мереа  крвниот притисок на граѓаните. За овие два месеци 3.900 велешани се прегледале, или по просек 100-тина велешани на ден.
 
Имаше одѕив од граѓаните, тие масовно, во голем број  ги користеа овие бесплатни услуги. Десет проценти од  прегледаните  констатирано е дека имале повишен крвен притисок. Дадени им се совети за како да се лекуваат, а некои веднаш биле  испратени и на лекар – велат  од  ЈЗУ Здравствен дом


Оваа акција ја организираа Министерството за здравство во соработка со ЈЗУ Здравствен дом  Велеc.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »