речник контакт

Четири момчиња од Криволак извршиле разбојништво на четворица мигранти Индијци

По барање на велешкото обвинителство на сите четворица им е определена мерка на претпазливост

Петар Печков

Четворица жители на неготинското село Криволак, нападнале четворица мигранти Индијци, им зеле пари и мобилни. МВР информираше за настанот. 

СВР  Велес поднесе кривична пријава против Р.М.(26), Е.М.(22),  Б.Е.(27)и Б.Р.(23) од село Криволак- Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. Четворицата во средата  на 19-ти септември  година околу 8 часот во близина на село Криволак, извршиле разбојништво над четворица мигранти од Индија. При тоа им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони, по што  побегнале - стои во информацијата на МВР.

Четворицата момчиња од Криволак биле изведени во Основен суд Велес,  пред судија на претходна постапка и по барање на ОЈО Велес, изречена им е мерка на претпазливост

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »