речник контакт

Четири пријави поради гласна музика во Велес

Два cе угостителски објекти во градот и две се сопственици на викенд куќи на езеро Младост

Петар Печков

Постапувајќи по пријави на граѓани, заради гласна музика, велешката полиција  констатирала дека во четири случаи тоа навистина се случило. Два биле угостителски објекти -кафена и кафитерија во Велес и две физички лица кои нивните домови ги изнајмуваат за различни настани.

 „Во текот на август годинава, Полициската станица Велес поднесе четири прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика. Две од пријавите се за угостителски објекти во градот, а две за физички лица, сопственици на викенд куќи на езерото „Младост“ - соопшти Верољуб Дадевски, портпарол нa СВР Велес. 

Велешани подолго време реагираат на гласната музика која доаѓа од угостителските објекти, посебно во летните месеци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »