речник контакт

Четири случаи на ковид-19 во Велес, тројца се заразиле од член на семејството

Нема оздравени, вкупно активни случаи во Велес се 27 лица

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес информираше дека денес се регистрирани четири ново заразени со ковид-19, нема ниту еден оздравен. Во Велес има 27 активни, 238 досега заразени, 13 починати и 198 досега оздравени.

Тројца од новите случаи со ковид-19 имаат член од семејството  кој е позитивен и така се заразиле но  меѓусебно не се поврзани.   Сите тие се на домашно лекување, две се жени и еден е маж. Четвртиот е маж кој не може да прецизира од каде се заразил, со кое лице имал контакти а било со корона вирус. Ова лице беше сместено на Инфективно одделение и таму ги дочека резултатите од земениот брис - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

На Инфективно одделение има  17 пациенти, од нив 16 се потврдено позитивни и за еден се чекаат резултати. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »