речник контакт

Четири сообраќајки утрово, поради голомразица

Причинета е само материјална штета. Сите биле на автопат Велес - Неготино

Петар Печков

Утрово (вторник)  се случиле повеќе сообраќајни незгоди, причина  е голомразицата.Сите биле на автопатот Велес -   Неготино.

Утрово се регистрирани сообраќајни незгоди на автопатот Неготино – Велес.  Три возила се извртени на патот на мостот кај Стоби, едно возило после наплатната станица „Градско“. Сите незгоди се настанати поради подмрзнување на патот и неприлагодена брзина на движење на возилата, при што, е причинета само материјална штета - изјавија од   СВР   Велес.

Од таму   апелираат до возачите за зголемена внимателност при управување на нивните возила и прилагодување на брзината според условите и состојбата на патот, особено во утринските часови кога има подмрзнување на мостовите и осојните места.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »