речник контакт

Четиригодишно дете удрено од автомобил и поради специфичноста на повредата пренесено на Ургентен центар Скопје

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, за да се откријат причините за сообраќајката

Петар Печков

Четиригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди, откако автомобил удрил во него, Поради специфичноста на повредите пренесен е на Ургентен центар во Скопје. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 6 Мај  во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35 – годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, за да се откријат причините за сообраќајката.

„Околу 22 часот во Ургентен центар  е донесено дете повредено во сообраќајка. Веднаш се извршени радоилошки претраги и констарирани повреди на лева потколеница и поради специфичноста на повредата е пренесено во Ургентен центар Скопје“ – кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »