речник контакт

Четирите новооткриени хемиски елементи добија свои имиња

Се работи за синтетски елементи кои е можно да се создадат единствено во лабораторија

Петар Печков

Периодичниот систем на хемиски елементи од пред извесно време содржи четири нови елементи, тие и официјално ги добија своите имиња, соопшти Меѓународниот сојуз за теоретска и применета хемија (ИУПАЦ).

Радиоактивниот елемент со атомски број 113, е наречен Нипоинум, според Нипон – како што гласи јапонското име на Јапонија. Тој ќе се означува со кратенката Nh.

Tим од руски и американски научници пак, ги именуваа своите елементи 115 и 117 - Московиум (Mc) и Тенесин (Ts) според имињата на рускиот главен град Москва и американската сојузна држава Тенеси.

Четвртиот елемент, со реден број 118 ќе биде познат како Оганесон (Og) во чест на рускиот експерт за нуклеарна физика, Јури Оганесјан.

Новите четири елементи не е можно да се пронајдат во природата, бидејќи се работи за синтетски елементи кои е можно да се создадат единствено во лабораторија. Бидејќи времето на распаѓање се мери во секунди многу е тешко да се докаже нивното постоење. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »