речник контакт

Четиричлена банда украла 2,5 тони бакар

Четиричлена банда од Велес е фатена на дело како краде бакар од скопска фирма, а грабежите ги правеле континуирано при што за два месеци присвоиле 2,5 тони бакар.

Петар Печков

Во групата биле тројца велешани и еден жител на Албанија а СВР Велес против нив поднесе кривична пријава за кражба. Групата работела организирано а во неа биле вклучени двајца вработени во скопската фирма Николчев Груп ДОО Скопје кои го превезувале бакарот и двајца малолетници кои го краделе од камионот.

Полицијата ги открила на 13 јуни кога  С.К ( 37 год ) од Велес  како шофер и И.Ш ( 27 год)  од Албанија како совозач, со времен престој во Македонија, со нивниот камион ,,сканија,, сопреле на паркингот од автопатот Велес – Скопје кај Ветерско. Претходно телефонски им се јавиле на малолетниците Т.К. (17 год и М.К. ( 15 год) од Велес, дека во одреден временски интервал ќе бидат таму  а откако децата дошле ја отвориле ,,сканијата,, и почнале од неа да изнесуваат платнени вреќи полни со бакар, кој бил увезуван за потребите на фирмата.

Во тој момент наишол сопственикот на фирмата ,,Николчев груп,, кој на дело ги фатил неговите вработени со помош на малолетниците како крадат и ја повикал велешката полиција. Таа го евидентирала случајот, украдената стока ја вратила на сопственикот а против четворицата учесници поднесе кривични пријави за кражба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »