речник контакт

Чешма, за блискоста на македонско и турско семејство, Сарач и Ацеви од Велес

Чешмата е подарок од семејството Сарач за велешкото Ацеви и за велешани. Животот создал прекрасна приказна за човечноста, блискоста, пријателствата кои не ги нарушиле времето, годините...

Петар Печков

Чешмата која се отвори близу Уред, а во знак на 21-ви декември,  Ден на турската азбука е знак на децениско  пријателство на турско и  македонско семејство од Велес. Чешмата е подарок од семејството Сарач и нивното пријателство со велешкото Ацеви.   Тие  некогаш живееле, каде денес  е паркингот пред судот.

 Времето и годините  минале, ама приказната останала. Таа зборува за човечноста, блискоста, пријателствата кои не ги нарушиле  времето, кое не оставило прашината да ги прекрие убавите спомени, да ги  расипат или раскинат  врските.   Приказната ја раскажа, наследникот на  Ацеви,  Љупчо, бидејќи старите од двете фамилии одамна починале. Но тие оставиле аманет  а помладите деновиве го остварија. 

Нашето пријателство трае еден век и ништо не го расипа.  Хајрија и Хамди Сарач биле соседи со мојот татко Орце  и  мајка  Слободка, а куќите биле  на паркингот кој денес е пред судот.  Во тоа време немало водовод и се снабдувале од чешма во  Дворови. Татко ми Орце  во 1953-та поставил чешма во дворот и на Хајрија и Хамди им понудил, да не се мачат и  носат на раце вода од чешмите, да полнат од нашата, од дворот. По еден месец комшијата Хамди дошол кај татко ми да му плати, оти ја користел водата, на што тој  рекол  ,,водата е дар од Бога, пари  не  земам,, . Така тие  ја користеле се до  заминувањето 1954-та за Истанбул. Најмалото дете, имаше три месеци беше ќерка, кога заминуваа ја крстија Маџире што значи Иселеник. Најстариот Кемал, кој неодамна почина, во Велес доаѓаше секој 2-3 месеци  - раскажа Љубе Ацев, кој изрази благодарност за чинот на семејството Сарач.

По заминувањето, контактите не биле прекинати, не замреле. Напротив низ времето биле одржувани, со доаѓањето на  семејствата  Сарач во родниот Велес но и на Ацеви во Истанбул.  Пријателството трае и денес.  Хајрие и Хамди Сарач оставиле аманет на нивните четири деца, благородна идеја.  која деновиве беше остварена, во родниот град на родителите, да изградат чешма. Таа чешма е благодарност до семејството Ацеви но и до  велешани.   Физички турското семејство Сарач не беше  во можност да дојде на отворањето на чешмата, но испрати порака напишана на македонски јазик.

Нашите родители секогаш ја споменуваа љубезноста и братството со  нашите ценети соседи  чичко Орце и тетка Слободка Ацеви.  Никогаш  не ги заборавиме деновите и годните поминати во Велес иако минаа толку многу години. Во секоја пригода на нашите  пријатели во Истанбул им  раскажуваме за добротата  на Ацеви, кои  не снабдуваа со вода, без да  побараат надомест.   Нивната добрина не можеме да ја заборивме никогаш. Затоа сакаме да ја овековечиме    засекогаш душата и соживот меѓу нашите родители  Хајрие и Хамди Сарач и Слободка и Орце Ацеви со оваа чешма.  Велес секогаш го носиме во срцето - напишаа потомците на Сарач.

Тие живеат исто така во Истанбул, добро се ситуирани и имаат фабрика за кожна галантерија. Пријателството на постарите траело со децении и тоа е  пренесено и на помладите од двете семејства.   Чешмата е поставена на локација  каде има повеќе јавни институции и сигурно ќе биде користена, посебно во летните денови. Тука се популарниот Уред, Социјалното, Шумското

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »