речник контакт

Чист понеделник ги собра мегданчани

Ниту лошото време не можеше да ги спречи да се дружат, како некогаш

Петар Печков

Чист понеделник, беше повод за дсе соберат мегдначани од повеќе делови  на градот, но и од Скопје. Можноста да заврне и да ја расипе дружбата, не ги  спречи луѓето од едно од најстарите маала во градот, да дојдат и да  се дружат.  Менито исто, за разлика од   претходните години, нешто помалку гости, но и тие што беа, беа доволно да се одбележи, првиот ден после Прочка. Годинава кум  беше Тоше Тоцинов.

Имав обврска да набавам грав, суви чушки, пијалок, салата. Важно е традицијата да се одржува, еве годинава  се  сокривме од дождот кој се закануваше. Догодина за кум се јави другар ми  Раде Ристовски за кум - раскажа Тоше. 

За да се заштитат тие беа сместени во гаражите од Панче Дебарлиев и  Игор Манасков. Така дождот не им можеше ништо.  Дошле свештеници на МПЦ-ОА кои ја благословиле софрата и на неа немаше мрсно, како што е редот. 

 Годинава гравот го подготвуваше Лазе Тоцинот.

Одговорен сум исклучиво за подготовка  на гравот, другото не ми е во задачите. Подгтовив околу 20 кг. Нема тајна, се ставаат суви чушки, кромид, граф и црн бибер во зрно. Важно е кгоа  се  лупат сварените  чушки, како да  се растрие, тоа е  мајсторијата. Чист грав и затоа е чист понеделник - објасни Лазе.   

Меѓу гостите беше и   Димче Виларов.

Тука сум роден и многу ми е мило кога  се собираме мегданчани. Се трудам  со други од ова маало да дојдеме на овој ден, иако живеам во друг дел на Велес.  Годинава ми е посебно драго што дојдоа многу постари наши соседи, кои дојдовме тука, се стари мегданчани. Не  значи дека сум против  да дојде друг, секој е добредојден - вели Димче. Со него беа и Тошо Б`шката кој до лани го подготвуваше ручекот, белиот грав.  До нив и Диме калајџијата. Целта им е да се дружат и потсетат на младоста. Затоа од Скопје дојде Иве Тодоровски. 

Специјално дојдов за чист понделник и за потсетување на  босоногото детство, кога тука со сите овие на масава игравме и се дружевме, на мегданскарта калдрма. Голема ечст ми е што денес сум тука со маалските другари - рече Иве.  

Традицијата се обнови 1990-та година. За тоа заслуги има Ицо Картуш, кој го продолжи подзаборавеното мегданско собирање за чист понеделник. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »