речник контакт

Членството во НАТО и ЕУ носи големи инвестиции и работни места

Пратеникот Иванов кажа со бројки колку пари преку ЕУ фондовите се влеваат во Македонија

Петар Печков

На прес конференција  пратеникот во републичкото Собрание Панче Иванов  ги кажа предностите кои зачленувањето во НАТО и ЕУ ги носат за граѓаните на Република Македонија. Со зачленувањето и во  едната организација и во другата  пратеникот  Иванов најави нови поголеми директни странски инвестиции, нови работни места. Тој низ бројки ги презентираше Европските фондови  во Македонија.

Вкупната ЕУ помош за Македонија изнесува 90 милиони евра или 260 илјади евра дневно. Годишно 15,5 милиони евра за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт- патишта, мостови, железница и друга инфраструктура.  За заштита на границите на Македонија годинава ЕУ дава 8,5 милиони евра. За следната година за земјоделството во ЕУ фондовите за Македонија се предвидени 15 милиони евра. За 2020-та за реформи во судството и полицијата во Македонија предвидени се 20 милиони евра - рече Иванов. 

Тој ги повика граѓаните да излезат на 30 септември  на референдумот и да ја поддржат Европска Македонија.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »