речник контакт

Чулев - ниту едно прекршување на законот или попречување на избирачкото право нема да остане несанкционирано

Статистичките параметри бележеле значително намалување на стапката на криминалитет на територијата на СВР Велес

Петар Печков


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска во рамки на своите тековни активности ги посети Секторот за внатрешни работи Велес, при што имаше работна средба со раководството. На средбата министерот Чулев бил детално информиран за сите активностите, особено за полициските подготовки за претстојните парламентарните избори, како и активностите околу спроведувањето на мерките на Владата за превенција од епидемијата со ковид-19.

Министерот Чулев нагласил дека парламентарните избори кои следат за прв пат се организирани во спефицични услови за време на пандемија што подразбира зголемен обем на работа од страна на полициските службеници. Дополнително, освен гарантирање на безбедноста на изборите, овој пат полициските службеници имаат обврска да ја гарантираат и здравствена безбедност на гласачите.

Парламентарни избори имаат големо значење за нашата државата и во таа насока неопходно е тие да бидат фер, слободни и демократски. Очекувам но и инсистирам од секој вработен во МВР да бидат преземени сите законски мерки со кои што ќе се гарантира законитост, безбедност и слободно изразување на волјата на граѓаните. Дополнително, ниту едно прекршување на законот или пак попречување на избирачкото право не смее и нема да остане несанкционирано. Ги повикувам сите мои колеги, вработени во Министерството за внатрешни работи, како и до сега, да бидат на висина на својата задача и своето постапување да покажат исклучително високо ниво на професионалност, дисциплина и одговорност - порача  Чулев од Велес.

Во разговорот со раководството на СВР Велес  било констатирано дека генерално безбедносната состојба на подрачјето на СВР Велес е на високо ниво, а статистичките параметри бележат значително намалување на стапката на криминалитет. Министерот Чулев го поздрави овој факт и ги повика полициските службеници и понатаму да бидат на висина на својата задача, а во насока на ефективни и ефикасно справување со сите форми на криминал.

Во однос на парламентарните избори, од страна на раководството на СВР Велес министерот бил запознаен дека се изготвени оперативни планови кои подразбираат континуирано покривање на подрачјето со цел спречување на изборни нерегуларност и поткуп.  Потенцирано е дека СВР Велес кадровски и организациски е подготвен за изборите кои следат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »