речник контакт

ШС Бабуна- Велес ги пошумува опожарените површини кај езеро Младост (фото)

Биле засадени 135 илјади садници јавор, јасен и чемпрес

Петар Печков

Од почетокот на ноември, во перидо од еден месец,  на неколку локации околу Велес, ШС „Бабуна“  извршила акција за засадување со млади садници дрвја. За ова информираа од ЈП Македонски шуми, во чии рамки работи  ШС „Бабуна“.   Оваа активност е согласно програмата за проширена репродукција на шуми.

„Мерката опфаќа отстранување на последиците од шумски пожари на површина над 50ха, преку вештачка обнова со пошумување со садници. Вработените од ПШС Бабуна - Велес ги пошумуваат опожарените површини на просторот  Езеро Младост- Караслари. Со пошумувањето се придонесува за санирање на опожарените површини и зголемување на површините под шума “ - соопштија од ЈП Македонски шуми.

Подружницата континуирано ја подготвува површината за пошумување со сопствена механизација и со пошумувањето  е отпочинато од 8 ноември а завршени на почетокто од декември.

Од предвидените 55,45ха согласно Програмата, биле пошумени сите, посадени се 135 илјади  броја на садници од јавор, јасен и чемпрес. Лани  есента биле пошумени површини во околината на езеро Младост од 10 хектари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »