речник контакт

Шекспир фест во Битола, петок вечер се отвора со претставата „Едвард Втори“ на велешки театар

Велешкиот театар ќе го отвори фестивалот, на чија програма се дела поврзани со Шекспир

Петар Печков

Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов  Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Република Бугарија, утре вечeр,  на 28 јуни со почеток во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал.

Велешкиот театар ќе го отвори фестивалот, на чија програма се  дела поврзани со Шекспир. „Едвард Втори’ е производ на драматуршкиот ‘римејк’ на режисерот Андриј Жолдак и драматургот Сашо Димоски на класичната драма на Кристофер Марлоу.

Во претстават играат: Илин Јовановски и Борис Крстев како Филип Втори, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски,  Никола Петковиќ, Сандра Танчева, како и Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Тодор Стојковски.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »