речник контакт

Шест години затвор за прилепчанец кој извршил полов напад врз дете од Градско

Обвинетиот немал постојано место на живеење и работа, односно престојувал кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што било тешко да се лоцира

Петар Печков

Прилепчанецот Себастијан Сулејмановски (40 год)  доби шест  години затвор за „Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Настанот се случил на 20-ти октомври 2020-тата  година во Градско,а  оштетеното  девојче било на возраст од 13 години. Ова е пресуда изречена во Oсновен суд Велес.

„Детето отишло во куќата на својот чичко каде се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома и незабележано тргнал по него. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака и ја затворил устата и почнал да ја влече. Потоа ја свртел кон себе и додека со едната рака и ја држел устата затворена, со другата рака ја допирал по телото. Потоа и ја ослободил устата, обидувајќи се да ја бакне, но оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош. Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом“ - пишува во обвинението.

Обвинетиот немал постојано живеалиште, односно престојувал кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, а немал ниту постојано вработување, поради што било тешко да се лоцира.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »