речник контакт

Шест години затвор за петмина застрелани во Горно Јаболчиште

И во повторното судење Сеад Јајов (26 год) од велешкото село Горно Јаболчиште доби казана затвор од шест години затоа што застрела пет лица, од кои четири беа деца.

Петар Печков

Јајов доби пет години затвор за обид за убиство и две години затвор за тешки дела против сигурноста, по што му беше изречена единствена казна затвор од шест години. И при првата пресуда Јајов доби иста казна, но таа беше вратена од Апелација со барање пушкар а не вешто лице да каже во кој правец пукал обвинетиот кога ги застрелал лицата.

Тој на 2-ри август 2009-тата година, околу 9,30 часот  пукал кон  соселанецот Рамадан Зекиров (32 год) при што тешко го повредил а од истрелот настрадале и четири деца од селото, кои  во тие моменти си играле на улица.   Оштетениот се здобил со прострелни рани во главата а зрната сачма покосиле уште четири деца,  кои случајно се нашле во близина на пукотницата.  Рамадан бил примен во велешката болница во  тешка здравствена состојба и во животна опасност. Од зрната кои завршиле во главата, левата рака и нога му се недвижни, не може да говори, со левото око не гледа.

Рамадан дојде во  нашиот семеен двор, го бараше татко ми  а од појасот му се гледаше рачката од пиштолот. Тој и се закануваше на мајка ми по што ја земав ловечката пушка и во неа ставив патрон кој служи за отстрел на еребици и зајаци. Иако имав и за тежок дивеч, јас пукав со најслабиот, за да го заплашам Зекиров и го истерам од дворот. Немав намера да го погодам бидејќи пукав во земја. Многу ми е жал и се каам за стореното дело. Јас самиот повикав полиција – изјави Јајов во завршниот збор.

Вечерта пред пукањето, внукот на обвинетиот бил натепан од Зекиров, кој му скршил заби без повод. Според соседите, на инцидентот  претходела нетрпеливост помеѓу семејствата Јајови и Зекирови, проследена со чести  и жестоки расправии и тепачки. До правосилноста на пресудата Јајов останува во притвор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »