речник контакт

Шест месеци не се работи на останатите 4 км од делницата Богомила -Стровија

Директорот на ЈП Македонија пат најави дека асфалтирањето ќе започне за десетина дена

Петар Печков

Ниту по повеќе од половина година, нема никакви градежни активности ан делницата од регионалниот пат Богомила - Стровија. Таму се работеше до крајот на ноември лани, по што поради зимските услови работите беа прекинати, но истите никако да продолжат. Реагираат жителите од Азот, кој со децении чекаат да се изврши поврзување со Прилеп, за да не мора да патуваат преку Градско и Кавадарци.

„Не знаеме зошто но не се изврши асфалтирање на неколкуте километри кои останаа за да се поврзе патот со веќе претходно вршениот дел. Очекувавме дела пролетва ќе се работи, но ништо од нашите надежи“ - велат жителите на Богомила.  

ТрМр го праша директорот на ЈП Македонија пат, кога ќе се ми врши асфалтирањето на преостанатата, незавршена делница од Стровија до Богомила.  

„За десетина дена започнуваме со асфалтирање на преостанатите 3,9 км и верувам дека за еден месец ќе биде завршен.  Тој е тампониран и останува да се постеле асфалт - рече Беким Мемеди, директор на ЈП Македонија пат. Делницата ќе ја работи нивната РЕ од Битола.


Минатата година се асфалтираше патот  во прилепскиот дел, од Гостиражни до Стровија, во должина од 6,5 км.  По завршувањето на делницата во Азот, овој дел од Македонија ќе биде поврзан со асфалтиран пат до Пелагонија. Жителите на Богомила и регионот, доколку  сакаат со автомобил да патуваат за Прилеп, Битола мораа да возат преку Велес и Плетвар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »