речник контакт

Шест нови случаи на ковид 19 во Велес

Две лица се здравствени работници од Инфективно одделение и од Итната служба

Петар Печков

Министерот за здравство Венко Филипче ја објави информацијата дека изминатото деноноќие во Велес има нови шест случаи на заболени со ковид-19. Со тоа бројката на заболени со корона вирусот во Велес стигна до 30 лица. 

Надлежните за ТрМр  дополнуваат дека од овие шест случаи во Велес за прв пат се регистрирани и здравствени работници, еден од Инфективното одделение и еден од службата за Итна помош.

Други две лица, сопружници,  сами се тестирале на приватна клиника во Скопје и откако тестовите покажале дека се позитивни, тие се згрижени на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес.

Таму се и други две лица кои во изминатите 24 часа е регистрирано присуство на ковид 19.   Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица.

Од Министерството за здравство  информираа дека  во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на корона вирус, кај старицата која во понеделникот беше пронајдена почината дома, заедно со синот.

Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната  недела, треба да откријат во кој период таа починала.  Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »