речник контакт

Шест пресуди на Основен суд Велес, за лица кои шетале во време на полициски час

ОЈО Велес бара глоби за нови осум лица а СВР Велес поднесе кривични за три лица кои биле затекнати на различни локации од градот

Петар Печков

На ден 16.04.2020 година од страна на Основен суд Велес донесени се  шест  пресуди , против шест лица, со кои обвинетите се огласени за виновни за сторено кривично дело „Не постапување според здравствените прописи за време на епидемија“ . 

На сите обвинети изречена им е парична казна од по 40 дневни глоби по 20 евра за една дневна глоба, односно вкупен паричен износ од по 800 ЕВРА во денарска противвредност, затоа што за време на пандемијата како епидемија од глобални размери не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување - соопштија од Основен суд Велес. 

 И додека Основен суд Велес  во четвртокот изрече шест парични казни, ОЈО Велес денес до судот поднесе  предлози за издавање казнени налози против осум  лица за кривично дело – „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ . 

Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полициски час, се движеле на различни локации во градот. Притоа биле затекнати од полициски службеници - стои во соопштението до ОЈО Велес. 

Надлежното обвинителство на Судот му предложило  за сите обвинети да изрече парични казни од 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.

Вчера и денес пак СВР Велес поднесе три кривични пријави за „не постапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  Против Т.С.(45) од Велес  кој  во периодот од 30.03.2020 до 31.03.2020 не се придржувал кон воведената мерка за ограничено движење. Против К.Д.(28) и С.Д.(29), двајцата од Велес, кои  во периодот од 28.03.2020 до 30.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »