речник контакт

Шест сообраќајки продолжениот викенд

Има потешко и полесно повредени и материјална штета на автомобилите

Петар Печков

Продолжениот викенд, донесе и повеќе сообраќајни несреќи. CВР Велес регистрирала шест сообраќајки,  а добрата  вест е што нема со смртни последици.   

Една сообраќајна несреќа случена на регионалниот патЧашка- Лисиче, на 3,5км од крстосница за село Горно Врановци , во која три лица се здобиле со телесни повреди и две лица со тешки телесни повреди.

Сообраќајна несреќа случена е  на делницата од автопатот А1 Велес- Градско, на 500м пред наплатна станица Градско, во која две лица- српски државјани се здобиле со телесни повреди.

Сообраќајна несреќа е случена  на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, во која едно лице се здобило со телесни повреди .

Регистрирани се и три сообраќајни несреќи во кои причинета е материјална штета.   Првата   на регионалниот пат Р-1312 на околу 100м пред велешката депонија , регионален пат Р1312  село Извор- село Владиловци и на улица Мечкин Камен во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »