речник контакт

Шест часа борба со огнената стихија, изгоре 50 ха зимзелена шума

Од огнот се спасуваа селата Чолошево и Дурутовец

Петар Печков

Педесет хектари  зимзелена шума и четири пати повеќе површина со сува трева, изгоре во големиот пожар кој ја зафати околината на Велес во понеделникот попладне. Ова се првичните неофицијални информации а допрва ќе се утврдува штеатата од огнената стихија, за која се смета дека виновник е човекот.   Огнот им се закани на две велешки села Челошово и Дурутовец, каде тој стигна на стотина метри до првите куќи.  

Ветерот кој дуваше го управуваше огнот. Кај нас во Челошево додје до пред првите куќи. Се организравме со трактори  преорувавме за да го запреме огнот. Потоа тој се усмери кон Дурутовец. Малку требаше да се случи и поголема штета. Не  зафати од  лозјата, тутунот, бавчите - вели жител на Челошово.

 Од димот повеќе жители на двете села во текот на вечерта имале проблеми со дишењето.  Според надлежните пожарот е регистриран во 14,40ч а е локализиран во 20,30 часот.  Шест часа  15 пожарникари и двесетина лица од Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес го гаснеле огнот. Изгорена е голема зелена површина и покрај автопатот Велес - Скопје, изгорени се багрем, бор и чемпрес. Првичните проценки се дека е опожарен простор од 250 хектари. 

Сериозни проблеми при гаснењето на огнот ни создаваше што низ просторот имаше далновод, кој беше опасност по пожарникарите. Во овој дел каде беше  пожарот, се слушаа и експлозии од заостанати експлозивни  направи од Втора светска војна. Така  што теренот беше  мошне тежок и лош за работа. Со голем напор вечерта успеавме да  го локализраме огнот - рече Љупчо Лепидовски, командир  на ППЕ од Велес.  

Четири нивни возиола постојано биле на терен за го угаснат огнот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »