речник контакт

Шестмина возачи казнети поради неисправни возила или немање возачки дозволи

Сообраќајната полиција продолжува со акциските контроли на учесниците во сообраќајот

Петар Печков

Вторнично сообраќајната полиција контролирала колку возачите  имаат технички исправни возила, но и  дали имаат исправни возачки дозволи.

За пет часа во Велес, колку што време траела контролата, биле констатирани шест неправилности а исто толку возачи биле казнети. 

Вторник на  25-ти јуни  во времето од 8  до 13  часот полициски службеници од СВР Велес извршија контрола на возачите и возилата учесници во сообраќајот, при што, е изречена 21 казна, од кои во Велес – шест, Кавадарци – девет и Неготино - шест казни на неисправните учесници во сообраќајот - изјавија од СВР Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »