речник контакт

Шестмина диви таксисти останаа без автомобилите

Дивите таксисти биле фатени на автопат во правец кон Скопје, како превезуваат патници, без налог, немале лиценца за такси

Петар Печков

Изминатите две седмици одземени се шест автомобили на исто толку диви такси превозници од Велес.

Ова е резултат на акцијата која е спроведена  од страна на сообраќајната полиција и државниот инспекторат за сообраќај.  Освен што сопствениците остануваат без автомобили, тие  се соочуваат и со парична казна од 500 евра.  Одземените возила се пренесени на плац во Миладиновци.

Дивите таксисти биле фатени на автопат во правец кон Скопје,  како превезуваат патници, без налог, немале лиценца за такси ,  по што автомобилите им се одземени и треба да платат парична казна. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »