речник контакт

Шестмина пешаци повредени поради брзо возење

Поради пребрзо возење велешанец, во населба Тунел повредил шест пешаци кои се движеле на тротоар.

Петар Печков

   Полноќна драма во Велес по сообраќајна наесреќа, откако невнимателен возач скокнал од коловозот на тротоарот и покосил шест лица. Настанот се случил во неделата  во еден часот по полноќ кога  патничкиот автомобил Ланчиа со велешки регистарски таблички, управувано од Александар Р. ( 29 год)  удрил во колона пешаци. 

Според полицијата сторителот на несреќата доаѓал од правец на населба Превалец кон Велес по улицата Благој Ѓорев кај Детската градинка во населба Тунел, кога налетал на т.н. ,,легнат полицаец,, но бидејќи возел со голема брзина, автомобилот скокнал на тротоарот. По него во тие моменти се движела поголема група на млади кои се прибирале дома од ноќниот живот. При тоа автомобилот покосил шест лица и им нанел потешки и полесни телесни повреди а сите лица биле  шокова состојба  од настанот.

Беше страшно кога ја видовме сликата. Млади деца исполегнати во бол и и со лелек запомагаа. Незнаевме на кого попрво да му помогнеме. Кога скокнал автомобилот поради брозто возење на тротоар, децата немало каде да бегаат и како се движел по тротоарот така ги собирал и косел – велат очевидците кои дошле на помош веднаш по сообраќајката. Повредените  пешаците П.П (18), Б.Р. (19), Д.З. (23), И.К. (27) В.М. (27) и В.С. (26). веднаш биле префрлени во велешката Болница.

Кај две лица се констатирани тешки скршеници, едната на потколеница и нога а кај друго лице четири скршени ребра. Тие се задржани на лекување а останатите откако се повратија од шокот кои го доживеале  и се со полесни повреди, се пуштени на домашно лекување - изјави д-р Ристо Пеовски дежурен доктор во велешката Болница. Увид на лице место извршиле истражен судија од Основен суд Велес, јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, која по документирањето на случајот ќе поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста во собораќајот.

Токму поради ваквото брзо возење на градските улици во ноќните часови, локалната власт на повеќе локации во Велес намести т.н. ,,легнати полицајци,, за да ја намали брзината на автомобилите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »