речник контакт

Шкотска и Шведска во трка за да се добие европското вселенско пристаниште

И додкеа Африка се бори со гладот, децата умираат, богатиот свет размислува кога ќе додје на ред да се прошета во вселената

Петар Печков

САД се можеби домот на агенцијата за вселенски туризам Вирџин Галактик, која е во сопственост  на Сер Ричард Брснсон, но иако летовите нема шанса да започнат пред 2013, дали тој веќе бара и европска база?

Речиси 500 луѓе веќе купиле билети за 190-минутниот лет - во кој е вклучлено и околу 5-минутна бестежинска состојба во вселената - за 200.000 долари (или 127,000 фунти) кога ќе полетаат од исфрленото вселенско пристаниште во пустината во Ново Мексико.

И покрај бројните правни и изведувачки пречки кои треба да бидат решени пред да се започне со комерцијалните услуги, возбудата од можноста за одмор - иако краток - во вселената веќе е во оптек.

Иако е ова првенствено американска агенција, кружат гласини дека Вирџин Галактик веќе бара начини за проширување. А Велика Британија бара местото на проширување да биде Шкотска.

Од Министерството за економија велат дека Велика Британија цврсто бара операциите да бидат спроведувани во земјата, и дека Шкотска останува потенцијлна база за вселенскиот туризам во Велика Британија.

Базата РАФ Лузимаут е најголемата и најактивната база за брзи млазни летала во кралската авијација, и се смета за водечка место за каков било вселенски туризам кој ќе се одвива во Велика Британја.

Водечкиот научник за вселената Дејвид Вилетс, за Дејли телеграф рече дека сака Вирџин Галактик да полетува од Европа, а поранешниот претседател на Виџрин Галактик, Вил Вајтхорн, рече дека летовите за вселенскиот туризам може да започнуваат од Шкотска - и во една прилика рече дека најрано тоа може да тргне во 2013 - и дека најдобар изглед да се стигне до ѕвездите е од шкотските брда (Хајлендс).

„Една од причините што местата како Лузимаут се разгледувани како можни места за полетување, е затоа што е базата прилично оддалечена од центарот на населеноста“, рече Џереми Куртис од Вселенската агенција на Велика Британија.

Вселенската индустрија на Велика Британија има обрт од 7,5 милијарди фунти годипно, и расте. Таа придонесува со 3,6 милијарди фунти во британската економија и вработува - директно или индиректно - скоро 85.000 луѓе.

До 2030, британската Влада сака да ги зголеми проходите на 40 милијарди фунти, што е 10 отсто од глобално предвидените 400 милијарди фунти од вселенската индустрија.

Но се уште нема цврсти планови за вселенското пристаниште во Шкотска, и има една друга земја која посебно се обидува да вскокне во целиот тренд. Таа веќе има функционална вселенско пристаниште - Шведска.

„Неколку места во светот се обидуваат да го добијат ова, но никој не стигнал до таму како ние“, рече Карин Нилсдотер, главен извршен директор на Вселенското пристаниште Шведска. „Сакаме и да ја доградиме постоечката инфраструктура, но и туризмот и бизнисот кој веќе го имаме тука. Вселенската лука Шведска сака на сите да им понуди можност да стигнат до вселената, па веќе и сега нудиме вселенски авантури“.

Авантурата нуди можност за лет до големи височини за да се добие јасен поглед на Сврената светлина без никаов ризик облаци да ви се појават на патот.

„Вселенското пристаниште Шведска е потенцијално одлично место за полетување“, вели Стивен Атенбороу, комерцијалниот директор на Вирџин Галактик. „Таму има хотел под мраз, Тоа е одлична локација и таму добивате одличен поглед - поразличен од оној во Ново Мексико. Но, да одиме чекор по чекор“.


И покрај сиот оптимизам, вниманието за услугата која ја нуди Вирџин, која е буквално надвор од овој свет, може да биде прерана. Во првичните планови, Вирџин кажуваа дека муштериите кои платиле можат да стигнат до егзосферата до 2007 година.

Првиот патник нема да тргне на пат најрано до 2013, и Вирџин не е единствениот натпреварувач во комерцијалната трка за вселената. Веќе неколку агенции се натпреваруваат кој ќе биде прв кој ќе ги одведе  платежните муштерии на суборбитален лет на редовна основа. Некои, како XCOR Aerospace, нудат слични услуги за помаку од половина од цената на Вирџин.

Последните предвидувања од нивниот тим за продажба, Рокетшип турс, е  планираното полетување од Курасао на Карибите, во првата половина на 2014. Кај Федералната служба за авијација веќе постојат осум лиценцирани вселенски луки во САД, но Вирџин е првата вистински посветена комерцијална вселенска лука.

И досега, исто како и Вирџин, нити еден од овие проекти не бил вистински успешен. Во трката вселенскиот туризам да се претвори во глобален бизнис, многу малку споредбено е постигнато надвор од САД.

„САД се малку повеќе опуштени на експериментален, почетен развој“, вели профсорот Саид Мостешар, директор на Лодонскиот институт за вселенски политики и право.

„Нивниот пристап е малку поразличен од европскиот, затоа што тие прво гледаат на безбедноста на патниците и луѓето на земјата.“.

Само една агенција, Проџект Ентерпрајс, во моментов бара европски полетувања и има многу малку вести за можниот потврден датум. Првичните планови на оваа генција кажува дека тие можат да започнат со летови во 2010. И покрај се „ако“ и „кога“ од Вирџин, изгледа дека европејците сепак нема да ја добијат втората база во светот.

„Ако и кога ќе размилсуваме дали е вистинско време за посеризоно проширување, првото место за тоа ќе биде Абу Даби“, вели Атенбороу.

„Засега имаме малцински акционери во Абу Даби кои не го кријат тајно фактот дека преку нивната инвестиција тие би сакале Вирџин Галактик да развие центар за комерцијални летови во вселената во регионот. Таму има огромни пустински области и, покрај тоа, таму постои и пазар“.

Пазарот е едното нешто за кое Вирџин е сигурно уверен. По загубата од скоро 65 милиони долари во депозит за нивните операции во САД, и со огромната подршка од приватни иневститори, изгледа дека глобалниот пазар и глобалната индустрија е далеку од сето она што досега беше планирано.

Додека инеститорите од Абу Даби очекуваат да потрошат големи пари во влогот да добијат прва вселенска лука која ќе работи надвор од САД, мнозина веруваат дека Велика Британија не е заинтересирана да инвестира во „трофеј“ за во трката за вселенски патувања.

„Велика Британија настојува за заземе подамне став во однос на активностите кои создаваат престижен центар и кој привлекува внимание“, рече Куртис. „Пристапот на владата повеќе изгледа дека е деловен. Ако постои силен случај - во кој британската економија може биде вклучена - тогаш владата би можела во нешто и да инвестира“.

Иако вселенскиот туризам е тема која ги полни наслоовните страници, постојат и неколку други начини за користење на суборбиталните летови.

Ова вклучува и брз превоз од еден на друг крај на земјата, и многу поефтино лансирање на сателити. Овие активности можат да доведат до опаѓање на цените онолку брзо како што овие услуги ќе се докажат и ќе почнат да се спроведуваат.

„Предвидувањата велат дека до 2020, 20,000 луѓе годишно ќе летаат во вселената и затоа цените постојано ќе паѓаат. Денес тоа чини 200,000 долари, но можеби во 2015 тоа ќе чини 50,000 или 30,000 длари“, вели Нилсдотер.

Но барем сега за сега, земјите кои се подготвуваат за комерцијална трка за вселената изгледа дека имаат многу повеќе испланирана инфраструктура отколку изведена. Правните прашања со кои се соочуваат вселенските туристички патувања се исто така подложни на промени.

Покрај вселенските пристаништа од Казахстан до Израел, Европа често се бори со „товарот од правила“, вели Вилетс.

Дури и вселенската лука спонзорирана од европската влада - која и припаѓаат на Европската вселенска агенција - е лоцирана во Куру во Француска Гвајана, одалечена преку 5,000 километри од европско тло.

„Индустријата на вселенски луки процветува“, вели Атенбороу. „Сега постојат вселенски луки низ целиот свет - и ним сега им се потребни вселенски бродови“.

текстот е преземен од Би-Би-Си Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »