речник контакт

Шорка престана да тече

Единствената природна чешма во градот, чија вода беше препорачлива за пиење Шорка престана да тече.

Петар Печков

Единствената природна чешма во градот, чија вода беше препорачлива за пиење Шорка престана да тече.

Од почетокот на месец септември не минува ни капка низ чешмата, која според анализите на Заводот за здравствена заштита од Велес беше хемиски и бактериолошки исправна за пиење.

Чешмата Шорка, според луѓето што живеат во нејзина близина повеќе од 40 години, досега не се случило да пресуши. Тие мислат дека причина за ова е големата суша која владее во земјава од минатата година и малите врнежи во текот на зимата.

Нивните очекувања се дека есенва ќе биде врнежлива па низ чешмата повторно ќе протече вода.

Сега единствена исправна природна чешма која може да се употребува е таа во Башино Село.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »