речник контакт

Штетата од невремето во јуни во велешко 2,22 милиони денари

Oд дождот и градот настрадаа посевите со тутун, афион, грозје, жито, пипер...

Петар Печков

Невремето кое ја  зафати околината на Велес на 17-ти јуни годинава,  причини штетата од   2,22 милиони  денари. Ова се бројките кои објави Комисијата  за проценка на штети формирана од Советот на Општината, откако ги провери пристигнатите пријави.

Дваесет и две лица и фирми од околината на Велес, од селата Р`левци, Бузалково и Раштани пријавиле дека дождот и градот кој падна на 17 јуни,  им нанел сериозни штети на земјоделските култури.

Овој извештај кој Советот го усвои, ќе биде испратен до Владата, која ќе реши дали и колку ќе бидат обесштетени велешките земјоделци.

Штетите се регистрирани најмногу на површини со тутун, лозје, пченица, јачмен, лубеници, пипер  и афион. Во сите случаи освен во еден, културите на биле осигурени. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »