речник контакт

Штетата од градот во село Ораовец 540 илјади денари

На вонредна седница Советот на Општина Велес ја прифати процената, која ќе биде доставена до Владата, заради обесштетување на селаните

Петар Печков

Од невремето од град, кое го зафати селото велешкото село  Ораовец на24 јуни годинава уништен е голем дел од родот на грозјето  и помал на тутунот. Постапувајќи по 19-те барања од оштетени  граѓани, поднесени до локалната власт, Советот на општината едногласно ја прифати проценката. Со неа се констатира дека ан 9,5 хектари лозје и на 0,12 ха тутун направена е голема штета која достигнува некаде и до 70 отсто од културите.  Оваа проценка е доставена до Владата, заради обезбедување финансиски средства за санирање на штетите од невремето. Во период од 20-тина минути градот го уништил родот на жителите од село Ораовец.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »