речник контакт

Штетата од невремето од пред два месеци 5,1 милион денари

Поднесени се 38 барања за проценка на штета. Уништен најмногу род на грозје, но и домови од гром, паднато стебло, урнат потпорен ѕид

Петар Печков

 Невремето кое го зафати Велес на 26 мај и 16 и 17 јуни предизвика вкупна штета од 5,1 милион денари. Ова го констатирала Комисијата за проценка на штети, чиј елаборат беше доставен до Општинскиот Совет  и усвоен.

Така според процените поплавите од 26 мај предизвикале штета  за земјоделските култури во висина од  4,5 милиони денари, додека невремето, грмотевиците, силниот ветар  на 16 и 17 јуни предизвикало штети во висина од 550 илјади денари. Вкупно биле поднесени 41 пријава, но три биле отфрлени оти се однесуваат на иста штета само од различни членови ан семејство. 

Од поплавите и невремето оштетен е родот на  грозје, јаболка, круши,  касии, тикви, пченица, јачмен. Од невремето, грмотевиците и силниот ветар во Велес  има оштетено 20-тина домови. Некаде  настрадаа покривите,  кај други белата техника, телевизори, лап топи, компјутери, бојлери, шпорети..

Во еден дом каде удри громот срушениот оџак предизвикал сериозни  оштетувања, во друг дом паднато дрво уништило покрив на  куќа. Има и оштетувања од срушени потпорни ѕидови.

Елаборатот по усвојувањето од Советот, се доставува до Владата која ќе ја утврди висината не обесштетувањето од настанатите штети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »