Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јуни 2016
Во периодот од крајот на април и почетокот на мај месец годинава, дел од територијава на Општина Велес беше зафатен од ниски температури, кои предизвикаа појавување на слана.
Таа предизвика штета на имот на 8 одгледувачи на овоштарници и лозја. При тоа сопствениците до локалната власт поднеле барање за проценка на штета а комисијата констатирала дека вкупната вредност е во висина од 3,8 милиони денари.
Таа е направена на површини засадени со кајсии и со грозје и на малa површина со бадеми, сите неосигурани, во реонот на Велес и селата Чолошево и Ораовец. Од слана оштетени се по околу 50 тони кајсии и грозје и еден тон надеми.
Оваа проценка ќе биде доставена до Владата, која соодветно ќе ги обесштети сопствениците.
Tweet |