речник контакт

Штипјанец со нож ја нападнал девојката велешанка

По расправија штипјанецот и нанел убодни рани на раката и ногата, девојката надвор од животна опасност

Петар Печков

На 18.02.2013 година, во 01,00 часот, во Велес, во куќата на М.Ј.(29), дошол нејзиниот пријател Ј.Т.(22) од Штип со кого била во љубовна врска, при што настанала вербална расправија во која Ј.Т. физички ја нападнал М.Ј., удирајќи ја со тупаници по главата и телото, а потоа со нож и нанел две убодни рани во пределот на рацете и колено, од што истата паднала на подот. М.Ј. е пренесена во Медицински центар Велес за укажување лекарска помош, а СВР Велес  презема мерки за пронаоѓање на Ј.Т. и расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »