речник контакт

Што кажа градоначалникот за можна населба за бегалци во Велес

Градоначалникот Чадиев демантира, но снимката од неговата изјава е сведоштво кој што кажа

Петар Печков

По сабајлешната вест објавена  на ТрМр , а се  базира на изјавата на градоначалникот  Чадиев, дека во Велес нема простор  ниту некој побaрал дозвола за градба на бегалска населба, на 15 згради од 10 ката,  градоначалникот се јави со демант. Еве го изворно неговиот став.   

Општина Велес и Градоначалникот Славчо Чадиев ги демантираат изјавите во текстот кој е објавен на порталот ти рековмирече.cоm. Прашањето за изградба на згради во Велешката касарна е поставено до градоначалникот иако земјиштето е во владение на Министерството за одбрана и во надлежност на Владата на Р.М. Согласно нашите сознанија тоа е градежно земјиште и на истото може да се даде дозвола за градење. Согласно Генералниот урбанистички план во Велешката касарна Алексо Демниевски – Бауман, од страната кон фабриката Брако предвидена е површина од 23 000 метри квадратни за заеднички домување, односно на изградба на згради. Фактот дека во тој моментот на давање на изјава градоначалникот немал информации за можна изградба на 15 згради, не значи дека истите нема да се градат. Многу брзо може да се извади дозвола и на таа локација да се реализираат некакви планови за формирање на бегалска населба- пишува вол демантот. 

А еве во пишана форма што тој кажа:

Дали во Велес има урбанистичка  планска документација со која е предвидена изградба на 15 згради на 10  ката?

Јас таква информација немам, освен оние што  се предвидени во горниот дел од Касарната. Тука треба да се изградат уште 2-3 згради од кој едната останува на Министерството за oдбрана , маркичката останува тие да ја реализираат. Поранешниот министер Јолевски  побара таа да им биде на располагање за нив. Останатиот дел гледате се гради една зграда, една е завршена. Во Велес  15 згради не гледам  дека можат да се градат.

Дали некоја државна институција деновиве побара  од локалната власт, дозвола за градба?    

Официјално барање досега немаме добиено, меѓутоа имаме барање од Министерството за труд и социјална политика  за локации за детски градинки.  Прашаа колку би можеле да обезбедиме простор во Велес – одговори Чадиев.

Во продолжение и тонската снимка од изјавата: Изјава

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »