речник контакт

Што се граѓаните пријавиле на мобилниот број за горење на опасен отпад

Реакции за горење ќумур, црн чад од оџакот на Македонија пат, Динамо хит, Маслодајна, чистење снег поради погреб

Петар Печков

14 телефонски повици,  реакции, од страна на граѓани имало за изминатите месец и половина, откако е во фукнција телефонот на кој се пријавува горење на опасен отпад, во Општина Велес. Во  10 случаи надлежните општински органи излегле на терен. 

Во три случаи е реагирано за загадување  од оџак на АД Благој Ѓорев, во еден случаи поведена била испекциска постапка, во другите два немало нарушување. Во еден случај поведена била инспекциска постапка  поради испуст од оџак на Динамо Хит.   

Во еден  случaј  е реагирано поради густ црн дим од асфалтната база на ЈП Македонија пат, но бидејќи тоа било ,,А,, инсталација истатата  реакција е препратена до државниот еколошки инспектор. 

Во друг случај имало телефонски повик поради бројни патнички комбиња пред ОУ  Св. Кирил и Методиј, за што била испратена сообраќајна полиција. 

Во два случаи имало реакции од страна на граѓани поради густ црн дим од неколку објекти на улица Петре Милевски и кај Црна Џамија. По излегувањето на терен инспекција констатирала дека сите овие куќи се греат на ќумур, што не  е забрането како енергенс.

Во еден случај имало реакција од загадување на парен котел инсталиран во зграда, но инспекцијата не можела да извшри увид во приватен имот. Реакција имало и поради палење оган на отворено,на игралиште кај Бирото за вработување, бидејќи биле малолетници на терен излегле заедно општинските служби и полицијата, пожарната го изгаснала огнот а биле повикани родителите на децата.

Во друг случај бил запален оган во двор на ул. Никола Карев по што противпожарната единица пристапила на негово гаснење. Пожарната била упатена и на локализирање на пожар помеѓу селата  Мамутчево и Иванковци,при крајот на мината година. На 26-ти февруари пак бил добиен повик за чистење на снег, поради смртен случај за што бил известен Центарот за управување со кризи. 

Телефонскиот број е  078 / 254 – 729  и нааму е достапен 24 часа. Истиот го опслужуваат одговорни лица во Територијалната противпожарна единица во Велес.

На дежурниот мобилен телефон граѓаните можат да пријават: палење на гуми, кабли, отпад, стрништа, пластика и друг вид на опасен отпад кој предизвикува зголемување на загаденоста на амбиентниот воздух. Но освен за овој опасен отпад кој се пали, мобилниот може да се користи и за пријавување при  појава на: свлечиште, рушење на потпорен ѕид или  објекти склони кон паѓање. 

Од  Општина Велес алепираат до граѓаните да продолжат да  се јавуваат на телефонскиот број 078/254–729 и да пријавуваат неправилности, бидјеќи на тој начин заеднички ќе се придонесе за поздрава животна средина и за побрза реакција во случај на природни непогоди.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »