речник контакт

Што се случува со телото на екстремни горештини

Нормалната температура на телото е од 37 до 38 степени.На 40 и 41 степени, доаѓа до истоштеност, а над 41 степени, телото почнува да се исклучува

Петар Печков

Опасноста од играње фудбал на темпераури од 40, па и на 50 степени Целзиусови, може да значи дека Светското фудбалско првенство во 2022 во Катар може да биде во постудените, зимски месеци.


И кој е клучниот момент телото да се справи со горештините?

Кога температурите растат, телото реагира со пораст на течењето на крвта кон површината на кожата, извлекувајќи ја топлината на телото на површината.

Тоа всушност е потењето. Како што потта испарува, телото се лади.

Ако, како што е случајот во Велика Британија, нашата температура на кожата е потопла од надворешната температура, способни сме исто така да ја загубиме температурата во приодата, што е познато како „суво губење на температурата“.

Но, во топли, суви клими - како што е таа во Катар - ова нема шасни да се случи. Телото ќе биде сосема зависно од потењето.

Завсни од потење

Нормалната температура на телото е од 37 до 38 степени. Ако се загрее од 39 до 40 степени, мозочните клетки им наредуваат на мускулите да успорат и доаѓа до вртоглавица.

На меѓу 40 и 41 степени, најверојатно ќе дојде до истоштеност, а над 41 степени, телото почнува да се исклучува.

Хемиските процеси почнуваат да бидат попречувани, а клетките во телото се закочуваат и постои ризик од застанување на работата на повеќе органи.

На оваа точка телото дури и не може да се поти, затоа што текот на крвта до кожата престанува и се создава чувство дека тоа да се лади и омлитавува.

При срцевите удари - кои можат да се случат на која било температура од над 40 степени - потребна е медицинска помош и ако веднаш не се дејствува, шансите за преживување може да се намалат.

Најдобриот начин за разладување на луѓето е да се потопат во студена вода или да се стават кеси со мраз на препоните (точките на спојување меѓу торзото и нозете) или под пазувите, каде се лоцирани важните артерии, но се зависи од тоа колку долго телото било изложено на покачени температури.

Георг Хавенит, професор по физиологија на природата и ергономија на Универзитетот Лафбороу, вели дека влажноста - или количеството на влага во воздухот - е критична во одредувањето колку можеме да се потиме.

Ако влажноста е висока, нашата се спречува нашата способност да се потиме и ова предизвикува да се чувствуваме грозно.

Но, ако времето е топло и суво - како во Катар - потењето може да помогне.

- Преку нашата кожа можеме да испарат големи количества влага, но неа мораме и да ја создадеме, вели Хавенит. - Ова значи брзо да се оди кон голема стапка на пот, а луѓето може да бидат ограничени со количеството на потта што можат да ја создадат.

И затоа кога некој трча по 15 километри на час на температура до 37 степени, ќе му треба да создаде 4 литри пот на час.

Загревање

Џејми Прингл, физиолог за вежби, работи со професионалци триатлонци во Англискиот институт за спорт во Шефилд.

Тој вели дека колку што се поподготвени спортистите, толку се поспособни да се справат со жештината, а водечкиот во велосипедската трка Тур де франс, Крис Фрум, е одличен пример за ова.

Тренизните го зголемиваат волуменот на крвта во телото, а токму оттука се потиме и затоа некои спортисти како Фрум, ќе имаат 10-12 литри крв во телото во споредба со шесте литри кај просечен маж.

Сероизните спортисти создаваат висок волумен на крв, и затоа можат повеќе да се потат и побрзо и поефикасно да се ладат кога станува потопло.

Прингл вели дека сите можеме да ги подобриме нашите способности за да ги задржиме течностите, ако помнеме една недела или две во топла соба и ако вежбаме на степер (направа за вежбање со бесконечна лента).

Клучно е да го слушаме телото, вели проф. Хавенит. - Повеќето аматери при трчање природно успоруваат кога премногу ќе се загреат, но секогаш има луѓе кои продолжуваат да се напрегаат и токму тука нештата тргнуваат на лошо.

 текстот е  преземен од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »