речник контакт

Што советниците го прашуваа градоначалникот Коцевски II дел

Дел од прашањата кои на последната 13-та седница ги поставија советниците, до градоначалникот Аце Коцевски

Петар Печков

Каролина Попова: За реконструкција  на улицата Кукушка, месност Дворови. Но освен таа има потреба да се реконструираат и  други неколку во истиот реон. Кај црквата Св. Спас се јавува депонија од  локалното население но не  само од смет туку и од градежен шут.     

Коцевски -   годинава ќе се реконструира улицата Трајко Панов која води кон детската градинка а во очајна  состојба. За второто прашање, таму со години камион на ЈКП Дервен нема отидено да собере смет, тие луќе не знаат што  е контејнер, ниту имаат навика да го фрлаат во контејнер. За дел се криви луѓето, за дел  општината.

Ангел Димов:  улица Самоборска е тесно грло и треба да се прошири. Кај  Дервенски поток има простор заштитен со ограда и треба да се санира.

Коцевски - улицата Самоборска е влезена во програмата за работа годинава. Ќе го отстраниме  сметот од кај локацијата што ја посочивте и ќе поставиме нова мрежа. 

Лилија Чолакова Дервишова: Игралиштето кај ОУ Трајко Андреев повторно да се облагороди. Второто е за улица Даме Груев од 25 до 45 број, во должина до 150 м. Бараат промена на водоводна мрежа.  

Бесим Ахмедов : Граѓаните  од  МЗ Родна Ивева прашуваат кога ќе се гради пешачки мост преку реката Вардар?   Пазарџиите прашуваат кога ќе се  почне со покривање на Градскиот пазар?

Коцевски: Ја разбирам потребата на граѓаните од МЗ Родна Ивева, но годинава  во Буџетот и Прогамата не е  предвиден таков мост.  Потребен е мост  и за автомобили и за  пешаци.  При конституирањето на новата Влада имав можност да дадам предлог од Велес, како приоритет за првите 100 дена.  Наш предлот од Велес беше  мсот од Речани до Велсе, кој би чинел од 4 до 6 милиони евра, тоа не влезе во  програмата.  Општина Велес во блиска иднина не е кадра финансиски тоа да го издржи и ќе се обраќаме да го изработи државата преку некој нејзин проект.

За второто прашање. Има проблем  со техничката документација. Во потрага сме по потенцијален инвеститор за јавно приватно партерество, за жал досега  не успеавме. Затоа сега се паузира.    

Весна Стојанова Богоевска: Родители од Башино село регираат дека децата  ученицикои се превезуваат на училиште во Велес, наместо во две  комбиња се   превезуваат во едно и е страшна гужва. На Којник продолжува продажбата нелегална, на прехрамбени продукти на картони, што е недозволиво.     

Коцевски -  Тоа што може да се стори да  се направи вонредна ненајавена контрола и да се види  каква е состојбата со  превозот  со ученици од Башино  село.    За второто прашање се потврдува дека    граѓаните тешко се  одвикнуваат од   лошите  навики. Ќе испратиме комунални редари да извршат контрола.     

Стево Крстевски:  Улицата Индустриска во индустриска зона УЗУС и во сателитска  населба Езеро Младост. Многу се каливи и во лоша  состојба .

Коцевски - Се работата проекти во индустриска зона  УСУС ќе работиме етапно.   Доста при секој пороен дожд е интервенирано но тие пак се  јавуваат, оти коловозот е од гребен асфалт. Во сателитската населба Езеро Младост состојбата лоша и дел по дел ќе работиме таму.  

Ненад Коциќ:  Мото крос патека, кај бачилото над езеро Младост. Урбана  опрема за деца кај зградата Панини е отстранета и кога ќе се врати.  

Миле Нацев:  од месноста Чука - викеднички. Плаќаат струја но и улично осветлување иако го немаат. Да се офарба Железен мост.

Коцевски - ќе започнеме постапка тие жители да бидат ослободени  од плаќање  улично  осветлување оти е премногу скапо да се донесе улично   осветлување во  Чука.  За Железен мост се грижи Македонски железници  

Вероника Ивановска: Да се осветли триаголникот кај споменикот на Бауман и потпорен ѕид  на ул. Рилски конгрес. 

за прашањета каде нема  одговор, градоначалникот писмено ќе одговори

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »