речник контакт

Што треба да знаат тинејџерите за контрацепција

[b] Што е контрацепција? [/b] Под контрацепција се подразбира употреба на различни сретства, мерки и методи со кои се спречува оплодувањето. Постојат повеќе типови на контрацепција.

Зоран Николов

Зошто треба да се користи контрацeпцијата? За да се заштите од несакана бременост. Да се заштитите од сексуално преносливи заболувања вклучувајќи го и ХИВ-АИДС(Cида). Тоа може да се случи дури и при првото сексуално искуство. Што треба претходно да расчистите? Дали сте спремни за сексуални односи ? Кој метод на контрацепција е најпогоден за вас? (Имајќи ја во предвид цената, ефикасноста, заштитата, несаканите ефекти и сл). Како да се заштитите (себеси/партнерот) од несакана бременост ? Како да се заштитите од сексуално преносливите болести (СПБ) и ХИВ? Дали вие/вашиот партнер сте тестирани за сексуално преносливи болести и ХИВ? Кој е одговорен за заштитата? Како можете однапред да планирате, за да бидете подготвени ? Што да правите ако вие/вашата партнерка остане бремена? Кои типови на контрацепција постојат? Постојат повеќе различни типови . Со некои ( како што е хируршка интервенција кај жената и кај мажот), се обезбедува трајна заштита од забременување. Со примена на некои методи или сретства , кои се опишани подолу, се постигнува привремена заштита и сигурна заштита. Апстиненција Прекинат однос Спермициди Кондом Контрацептивни таблети Дијафрагма Интра утерини влошки (спирали) Инекции Импланти Ургентна контрацепција Што треба да знаете за овие методи? Некои од овие методи ќе ве заштитат од забременување и од сексуално преносливи болести, други само од бременост. Биолошка претпоставка е дека јајната клетка има способност за оплодување 6-12 часа од ослободувањето а сперматозоидите во женскиот генитален тракт 2-3 дена. Апстиненција. Апстиненција значи да немате сексуален контакт. Скоро 100% штити од бременост и од СПБ. Сексуална активност е можна и без контакт. Ова е прифатлив начин за контрацепција во многу религии и култури, како и во одредени ситуации (болест и др). За некои парови, преставува тешкотија долго да апстинираат од сексуален контакт. Нема споредни ефекти и не чини ништо. Ако сепак одлучите да имате сексуален контакт, не заборавајте да употребите заштита. Прекинат однос. Бременоста се спречува така што, машкиот партнер го прекинува сексуалниот однос и ејакулира надвор од вагината. Нема споредни ефекти и не чини ништо, но не заштитува од СПБ и ХИВ и не е така сигурна метода. Спермициди. Спремицидите се наоѓаат во форма на пасти, пени, креми, гел или супозитории. Може да се и во форма на семитранспарентен филм кој по поставување во вагината се претвара во гел. Спермицидните сретства ги користи женскиот партнер а се поставуват во вагината најмалку 10 минути пред сексуалниот однос. Тие делуваат така што ги запираат сперматозоидите да не се движат и со тоа да не можат да стигнат до јајната клетка. Делумно штитат и од СПБ, но не штитат од ХИВ. Покрај спермицидот, за да се заштитите од ХИВ, користете и кондом. Може да се купат во продавница и без рецепт и не се многу скапи. Пред контакт, препаратот се става во вагината (понекогаш при ставањето може да се почувствува мала нелагодност). Кондом. Кондомот е гумичка направена од латекс или друг материјал. Штити од забременување и од СПБ и ХИВ. Може да се купи во продавница, без рецепт. Достапен е за машки и за женски. За да заштитата биде ефикасна, треба да се користи според упатството. Прочитајте ги инструкциите . Проверете дали поминал рокот на употреба! Машките треба да го стават кондомот, кога пенисот е во ерекција пред да навлезе во партнерот. При извлекување на пенисот надвор, држето го кондомот наспроти пенисот. Поефикасен е во превенција од забременување кога мажот го извлекува пенисот надвор, пред да ејакулира. Погрешно се верува дека два кондоми еден преку друг, штитат подобро. Постои и женски кондом (фемдом) , кој се става во вагината на жената, пред сексуален однос.За време на односот пенисот навлегува внатре во женскиот кондом. Заштитува од СПБ и ХИВ. Ако истовремено се употребуваат и спремициди, заштитата е подобра. Не го подмачкувајте кондомот со масло или вазелин. За лубрикација може да се употреби специјален гел. Постои можност кондомот да се скине. Најдобро е да се чува на ладно и темно место. Ако се чува на топло ( на пример во џебот од пантолоните, подолго време) може да е помалку ефикасен, и да се скине при употреба. Ги има различни бои, големини и со различни мириси. Ефтин е. Женскиот кондом чини нешто повеќе. Контрацептивни таблети. Тоа се хормонски таблети, кои го спречуваат ослободувањето на јајната клетка. Штитат од бременост, но не штитат од СПБ и ХИВ. За да се заштитите од СПБ, покрај таблетите користете и кондом. Таблетите не може да се добијат без лекарски рецепт. Треба да се земаат секојдневно во исто време. Ги има во пакувања од 28 и 21 таблета. Ако не ги земате според упатството, помалку се ефикасни.Доколку жената заборави да земе таблета еден ден, наредниот ден треба да земе две таблетки,( една наутро и една навечер). Прекинот на земањето на таблетките подолго од 36 часа ја загрозува сигурноста на сретството. Кај некои жени може да се јават некои мали несакани ефекти најчесто во првите три месеци од употребата. Жените кои земаат таблети, треба да избегнуваат пушење. Цената е повисока од онаа кај другите сретства но затоа се со висока ефикасност. Пожелно е пред да се употребат девојката да има најмалку 5 менструални години. Дијафрагма. Вагиналната дијафрагма делува како тенка покривна мембрана, која одговара на вагината на жената. Ги има во девет големини. Таа прави бариера меѓу вагината и грлото на матката и така оневозможува сперматозоидите да дојдат до јајната клетка. Штити од бременост, но не штити од СПБ и ХИВ. Покрај дијафрагмата, како заштита од СПБ, треба да се користи кондом. Пред да се стави дијафрагмата, треба да ве прегледа доктор и да ве подучи како да се постави. Пред да се постави дијафрагмата треба да се препокрие со спермицидно сретство. Треба да се постави барем 10 минути пред односот и да се извади најмалку 6 часа по завршување на односот. Има малку несакани ефекти. По употребата треба да се извади, добро да се измие со вода и сапун, без никаква употреба на дезинфекциони сретства, осуши и остави во кутија намената за неа до наредната употреба. Интраутерини влошки(спирали). Направени се од пластична материја а дел од нив е обвиткан со тенка жичка од бакар или сребро. Имаат висок степен на сигурност од забременување. Ги поставува лекар, најчесто во почетокот на менструалниот циклус. Пред поставувањето потребно е да се направи кај жената бриз од грлото на матката, да нема инфекции во вагината или во јајчниците, да нема бременост и да има регуларни менструални циклуси. Не штити од СПБ и ХИВ. Обично се поставува кај жени кои завршиле со својата репродукција. Ретки се несаканите ефекти од поставувањето како крвавење или неподнесување на спиралата. Инекции. Се работи за хормонални инекции, со кои се спречува ослободување на јајната клетка. Најчесто се дава Депо-Провера. Штити од забременување, не штити од СПБ. Покрај инекцијата, за заштита од СПБ, треба да се користи и кондом. Незгодно е што мора да одите на доктор за инекција на секои 2-3 месеци. Предност е што жената не мора да зема секој ден таблети или да става нешто пред односот. Некои жени може да имаат несакани ефекти ( во првите 3 месеци може да јават нерегуларни вагинални крвавења) . Импланти. Докторот става ( имплантира) 6 мали капсули под кожата на горниот дел од раката на жената. Капсулите ослободуваат хормони, кои го спречуваат ослободувањето на јајната клетка. Штитат од забременување. Не штитат од СПБ. За да се заштитите од СПБ, треба да користите и кондом. Од имплантите често се користи т.н. Норплант. Предност е што жената не мора секојдневно да зема таблети или да става било што пред однос. Делуват 5 години. Некои жени имаат несакани дејства. Возможно е, на местото каде се ставаат капсулите да остане лузна. Капсулите може да се извадат ако во меѓувреме жената сака да остане бремена. Итна контрацепција. Често се нарекува таблета за утрото-после . Се користи во форма на таблетки. Некои жени ја користат, ако веруваат дека останале трудни (секс без заштита, скинат кондом, жената заборавила да земе пилула, силување и сл.). Најдобро е да се примени што побрзо од незаштитениот однос но најдоцна до 48 часа. Се земаат 2 таблетки наеднаш а по интервал од 12 часа уште две. Кај најголем број од пациентките се јавува силно гадење и повраќање, набрекнатост на дојките и изместување на менструалниот циклус. Ако сметате дека е потребно, контактирајте го вашиот гинеколог. Не треба да се користи како замена за другите типови на контрацепија. Може, најкасно пет дена од претпоставениот незаштитен однос да се постави интраутерина влошка како начин за спречување од забременување односно како итна контрацепција. Овој тип на контрацепција се користи само како ургентна мерка. Некои корисни совети Ејакулација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога машкиот партнер излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. Овој начин не штити од СПБ. Ако одлучите да користите кондом, користете нов кондом, секогаш кога имате контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција. Измијте си ги рацете со сапун и топла вода, пред да ставите контрацептивно средство во вагината. Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не сте специјално обучени. Не се ослонувајте само на овој метод. Вие може да останете бремени или да добиете СПБ, дури и при вашиот прв сексуален контакт во животот. Не менувајте ги често Вашите сексуални партнери/партнерки бидејќи постои голема можност за СПБ, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката) Рани знаци на бременост Каснење на менструацијата Напнатост на дојките Гадење Повраќање Промена на телесната тежина Секогаш уморна Промени во расположението Промени во вкусот Мокрењето е почесто Каде да се обратите за помош? Вашиот лекар Вашиот гинеколог Центар за планирање на семејството Гинеколошка клиника Гинеколошка болница или одделение Извор: [url=www.idividi.com.mk/Zdravje/Medicina/346451/index.html]ИдиВиди.ком.мк[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »