речник контакт

Што ќе биде финансирано од државата во културата оваа година

Стандардни содржини кои се исти со години

Петар Печков

И годинава Министерството за култура ќе поддржи повеќе настани и манифестации кои се дел од живеењето во Велес. Тоа денес ги објави програмите за финансирање. 

Тука вообичаено се Рациновите средби,  Фестивалот на Античка драма ,,Стоби,, Ликовната колонија ,,Папрадишки мајстори,,   Фолклорниот фестивал ,,Велес,,  Меѓународен фестивал на стрип „Велес 2017“ .  

За Стрип центар на Македонија – Велес одвоени се средства за издавање на стрип книгите „Итар Пејо - 2“ од Диме Иванов-Димано, „Зад црното сонце“ на Срѓан Николиќ-Пека, „Цар Гаврил Радомир“ од Миле Топуз и„Убави нешта“ од Раде Дичоски, како и  редовните  Стрип креатор“ -2 броја и специјалното издание „Стрип Алманах 2017“ еден број. Има средства и за единствената стрип библиотека во Македонија, која работи во Велес. 

Министерството за култура ги најавува и  концертот за камерен состав, четирирачно пијано, со Татјана Џорлева,  традиционален Велигденски концерт во Велес на Танец,  концерт „Свети Кирил и Методиј“ на ансамблот „Керамичар“ Велес.  Во Лозово ќе се поддржи ФА „Кочо Рацин“ за организирање на меѓународен фестивал на народни ора.

Од работата на Локалните културни институции предвидени се повеќе содржини.  Од Народен музеј  следните  ангажмани: публикацијата  НАЕC FABULA DOCET - збирката на камени споменици на Народниот музеј, Археолошко истражување на локалитетот Кале-Градиште, с. Згрополци, Конзервација на предмети од античката збирка, Репарација на две скулптури од академскиот сликар Станко Павлески.

На локалната библиотека  ,,Гоце Делчев како и минатите години ќе и бидат доделени средства за  снимање на аудиокниги.

Од изложбите кои ќе бидат финансирани од државата во Ликовен салон Велес предвидени се:  изложба на слики од Дејан Иванов-Маргуш -преземање од ЦК Прилеп,  Константин Танчев-Динка - самостојна изложба, Вангел Наумовски- ретроспективна изложба, Спасе Куновски - ретроспективна изложба, 90 години од раѓањето на Петар Мазев – преземање на изложбата од НГМ. 

За заштита на недвижното културно наследство  , преку Националната  Установа Конзерваториски центар Скопје, оти Велес нема и покрај повеќето обиди на негово организирање, ќе се  изврши: Изработка на проект за конзерваторско- реставраторски работи на архитектурата и живописот на црквата Св. Ѓорги, с. Црквино - Велес (I фаза); реализација на проект за конзерваторско- реставраторски работи на архитектурата и живописот на црквата Св. Ѓорги, с. Црквино - Велес (II фаза). Конзервација - реставрација на три царски двери од Општина Чашка, Велешко, непосредна заштита - реализација на Проект за конзервација и реставрација на црквата Св. Архангел Михаил во село Горно Чичево, Градско, конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на црквата Св. Димитрија, Велес (IIфаза), како и проект за реставрација - конзервација на фасади на комплекс од 2 куќи во Велес на улица ,,Јован Алабаков“.

Националната  установа ,,Стоби,, за оваа година предвидени се:: реализација на проект - Ургентна санација и регулација на коритото на Црна Река долж археолошкиот локалитет Стоби, Археолошки истражувања на комплексот околу храмот на Изида во Стоби, Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки до истражувања на објектот - Римски театар во Стоби, Тековно одржување и партерно уредување на археолошкиот локалитет Стоби, проект за заштитна покривна конструкција и презентација на Епископската базилика во Стоби. 

Предвидено е финансиски да се поддржи Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје кој ќе работи   проект за Народната носија на албанските села на Велешко.

За театарсктие претстави кои годинава ќе се одржат на сцената на велешки театар, во посебен прилог. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »