речник контакт

Штрајк во велешката фабрика за цигли А.Д. „Киро Ќучук‘‘

Вработените од велешката фабрика за цигли А.Д. „Киро Ќучук“ започнаа со петдневен штрајк, подржан од штрајкувачкиот одбор, од фабричкиот и Регионалниот синдикат.

Петар Печков

Штрајкувачите бараат исплата на заостанатите 20 плати, како и рестартирање на производството и враќање на работа.Тие преку штрајкувачкиот одбор  овие барања му ги доставиле на директорот Киро Камчев, кој им ветил дека ќе ја рестартира фабриката.

Работниците пак остануваат на барањата инспектори од УЈП и од финансиска полиција да извршат увид во работењето на фабриката. 

Инаку, околу 250 работници во А.Д „Киро Ќучук“ веќе четири месеци не земале ни една од заостанатите 20 плати. За неплатени околу 180 милиони денари кон УЈП за неплатен персонален данок и ДДВ,  им ја блокира сметката на фирмата, а не се платени ни побарувањата за вработените кон Фондот за здраство и ПИОМ за повеќе од три години ви висина од 100 милиони денери.

Најголем акционер, како што потврдија и од синдикатот во А.Д „Киро Ќучук‘‘ од Велес, е поранешниот и сегашен директор и претседател на Управен одбор, Киро Камчев со 36 проценти, а со 26 проценти е фирмата „Еленица“ сопственост на семејството Заеви од Струмица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »