речник контакт

Штрајк на вработените во Фондот за здравство

Штрајкот е поради препораката од Владата од 9 јануари, за намалување на платите на вработените од ФЗО за 21 процент

Петар Печков


Од денес,  понеделник, вработените  од Фондот за здравство стапија  во штрајк. Од Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување при УПОЗ најавија дека сите подрачни единици на Фондот  штрајкуваат, вклучувајќи го и Велес  и  ги извршуваат само неопходните работни задачи.
Во пракса  само еден вработен во подрачните единици е задолжен за прием на документи.  Се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

Штрајкот во Фондот за здравство е реакција на препораката oд Владата од 9 јануари,  за  намалување на платите од 21 процент.

„Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент“, кажа Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ на прес- конференцијата на 29 јануари.

Со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, според Аџигогов, 25 проценти ќе добиваат плата со износ под минимална плата, а 25 проценти колку минималната плата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »