речник контакт

Штрајк на професорите албанци во велешката Гимназија

Седумте професори од албанската паралелка во велешката Гимназија Кочо Рацин започнаа штрајк бидејќи не земале плата од месец јануари.

Петар Печков

 Тие четири месеци годинава се без плата, поради што се решија да ги прекинат предавањата во двете паралелки по албански јазик, кои работат во најстарото средно училиште во Македонија, Гимназијата Кочо Рацин. Професорите, од кои  некои патуваат и од Скопје, велат дека нема да продолжат со настава се додека не ги добијат сработените пари. На штрајкот се приклучија и учениците од прва и втора година, со што ги поддржаа нивните професори во барањата за плата. Поради ова тие не ги посетуваат часовите на кои предаваат професори македонци. Професорите реагираат и на распишаните конкурси за предавачи во албанските паралелки,  а кои велат дека се само за оние предмети каде тие предаваат, додека на предметите каде предаваат македонци, како што се хемија, музичко, ликовно воопшто не се бараат професори со познавање на албанскиот јазик

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »