речник контакт

Штрајк на судската администрација

Три дена штрајк, шалтерите и итните предмети се работат

Петар Печков

Стотина вработени  - администрација од Основниот суд Велес од 10 до  11 часот беа пред зградата на  институцијата. Така тие   го официјализираа нивниот штрајк, кој ќе трае три дена, до  петок а е организиран од УПОЗ.

Денес, среда и утре четврток  во овој термин , штрајкот е пред судската зграда а в петок  протестот пред Министерство за правда, Собранието  и Владата. За овие три дена се  работат сите итни прдмети, притворенички судења, стечајни постапки,  времени мерки, предмети со странски елементи .

 Барањата се од  претходно истакнатите. Со  донесување на Законот за  судската служба, во истиот постојат одредби кои се  неприменливи за нас.   Ако вработен два пати биде оценет со единица, добива престанок на работен однос. А за полесна дисциплинска повреда, не се води дисциплинска постапка, туку вработениот директно е  казнет со опомена или парична казна. Од наша страна, од УПОЗ беа доставгени забелешките пред  да се доенсе Законот  и измените , но не се случи, тој стапи на сила февруари годинава. И покрај предупредувачкиот штрајк во декмеври, најавите дека ќе најдеме заедничко решение со Министерство  за правда, тоа не се случи  - рече Горан Чолаков  претседател на  Синдикална Организација на Основен суд Велес.  

Вработените во судската администрација имале реакција на иа ветените 5 отсто покачување на платите  а кои сеуште не биле добиени  исто како и враќање  на работното време во термин од 7,30 до 15,30 часот. Ниту тоа барање е реализирано. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »