речник контакт

Штрајкот во Велес на наставниците од училиштата и воспитувачките од градинките, масовно поддржан од вработените во СОНК

Во Детските Градинки, од Велес каде се згрижуваат 1,2 илјади деца во шест клона, денес родителите донеле 38 деца да бидат згрижени

Петар Печков

Во тек е штрајкот на вработените од СОНК, просветниот кадар во училиштата и воспитувачите и негувателките во градинките.  Тој е на неодредено време,  ќе трае сè додека не се исполнат нивните барања за усогласување на минималната плата со останатите плати во образовниот сектор.

Ова доаѓа  откако  СОНК  не постигнаа договор со Владата за зголемување на платите во образованието. Синдикалистите се револтирани бидејќи платите во овој сектор се на границата со законскиот минимален износ од 18 илјади денари и бараат покачување од 18,5 отсто.

Штрајкот е класичен, вработените не  вршат прием на деца во градинките, не изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно- образовниот процес.

„Вработените во основните и средни училишта во Велес и велешко, штрајкот е масовно поддржан, значи целосно. Во Детските градинки исто така се почитува целосноно, вработените штрајкуваат, освен во клон 3, каде што  каде што има 2-3 времено вработени, кои ги примаат и згрижуваат децата“ - кажа Петре Јорданов претседател на регионалниот огранок на СОНК за Велес.

Од Детските Градинки, од Велес каде се згрижуваат 1,2 илјади деца во шест клона, денес родителите донеле 38 деца да бидат згрижени. Ангажирани за нивна грижа биле 4 времено работени, кои не биле членки на СОНК, додека останатите сите штрајкувале. Проблем е што ниту на Агенцијата за вработување нема лиценцирани воспитувачки и негувателки, кои можат да се ангажираат времено за да може од утре да ги згрижуваат децата од предучилишна возраст. Дилемата е што ако утре дојдат 200 и повеќе деца, како ќе се спроведе процесот на нивно згрижување? 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »